Centar.mk
ЛОКАЛНО

Хуманитарна акција во Карпош „Подај рака – донирај за својот сосед“

Општина Карпош од денес, вторник, 14 мај, до петок, 20 мај, организира хуманитарна акција за семејствата во потешка материјална состојба. Акцијата се состои во прибирање донации во прехранбени и хигиенски производи кои, потоа, ќе им бидат доделени на семејствата кои се во социјален ризик.

„Ги повикуваме сите граѓани на Карпош, кои се во можност, да се придружат на оваа хуманитарна акција и да покажат што поголема солидарност со своите соседи. Донираните производи треба да се однесат во просториите на 14-те урбани и месни заедници низ општината, во период од 7:30 до 15:30 часот, секој ден, до петок. Во акцијата подеднакво се вклучува и општинската администрација“, соопштија од Општината.

Можеби ќе ве интересира

ЈП Комунална хигиена-Скопје спроведува активности за чистење на просторот под Камениот мост

ДЕСК

Герасимовски: Центар е лидер во локалната енергетска транзиција, до крајот на мандатот сите образовни објекти ќе добијат фотоволтаични централи

ДЕСК

ДЕНЕСКА БЕЗ СТРУЈА ВО ДЕЛОВИ ОД МАКЕДОНИЈА – Најавени прекини во повеќе градови и населени места

ДЕСК