23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИСТОП ВЕСТИ

СДСМ: Растат платите и пензиите, обезбедуваме повеќе пари кај граѓаните

Со зголемување на минималната плата на 12.000 денари, над 90.000 работници во сите стопански гранки добиваат повисоки плати. Од април оваа година минималната плата се усогласува согласно со Законот за минимална плата и изнесува 12.507 денари нето, соопшти СДСМ.

„Отворен е процес за ново зголемување на минималната плата на 13.000 денари, за зголемување на социјалната помош за повеќе од 300%. Зголемени се платите за 5% и 10% за вработените во здравството, образованието, градинките, културата, одбраната, полицијата, јавниот сектор…

Покрај платите растат и пензиите. Просечната пензија од 2017 година до денес пораснала за 826 денари. Од 13.754 на крајот на 2016 година, на 14.580 денари во март 2019 година.

Со овие мерки сè повеќе пари завршуваат назад кај граѓаните.

Како одговорна партија, СДСМ продолжува со реализација на мерките што обезбедуваат повисоки плати и пензии, економски раст, повеќе пари и подобар животен стандард за сите граѓани“ се наведува во партиското соопштение.