10.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Растот на платите продолжува, се повеќе пари завршуваат кај граѓаните

– Растот на платите продолжува, се повеќе пари завршуваат кај граѓаните. Зголемени се платите за 5% за вработените во образованието, градинките, културата, одбраната, полицијата, јавниот сектор, а за 10% на лекарите специјалисти, соопшти Костадин Костадинов од СДСМ.

– Со зголемувањето на минималната плата на 12.000 денари која важи за сите стопански гранки, 90.000 работници, наши сограѓани добиваат повисоки плати.

Од месец април, со законското усогласување минималната плата е зголемена и сега изнесува 12.507 денари.

Она што е многу важно, започнат е процес за ново покачување на минималната плата на 13.000 денари и зголемување на социјалната помош од над 300%.

Со економските мерки и отворената спирала за раст на платите просечната плата во февруари оваа година изнесува 24.192 денари што е за 4.5 отсто повеќе во споредба со истиот месец во 2018 година.

Почитувани граѓани,

Зголемувањето на платите продолжува, очекувано е просечната плата до крајот на 2020 година да изнесува 500 евра или 30.000 денари.

Покрај платите растат и пензиите. Просечната пензија од 2017 година до денес пораснала за 826 денари. Растот на пензиите продолжува согласно законските усогласувања.

Зборот е збор, се повеќе пари завршуваат кај граѓаните.

Економските реформи и напредокот на државата во евроинтеграциите ја стабилизираа економијата и отвораат можности за засилен економски раст и развој.

Како одговорна партија остануваме посветени на спроведување на мерките што обезбедуваат повисоки плати, подобро платени и повисок животен стандард за сите граѓани на Република Северна Македонија, рече Костадин Костадинов, портпарол на СДСМ.

Спонзорирано: