Centar.mk
БИЗНИС

Остар пад на дефицитот на тековната сметка на Турција во март

Дефицитот на тековната сметка на Турција во март се намали за речиси една десетина од минусот забележан во истиот месец минатата година, бидејќи забрзаниот пад на лирата и намалувањето на потрошувачката продолжија да го ограничуваат увозот.

Дефицитот во тековната сметка на земјата, како најголем показател за трговија и инвестиции, изнесуваше 590 милиони долари во март, објави денеска Централната банка на Турција, според агенцијата „Блумберг“.

Тековната сметка падна на 12,8 милијарди долари во март, од 17 милијарди долари во февруари.

Во март, лирата ослабе за 4,2 отсто во однос на доларот, додаде њујоршката агенција.

Можеби ќе ве интересира

Народната банка: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзор

ДЕСК

КИНА ОСТРО РЕАГИРА НА АМЕРИКАНСКИТЕ ОГРАНИЧУВАЊА: Нов спор околу тестирањето електронски уреди

ДЕСК

СКОПЈЕ СО РЕЧИСИ ПОЛОВИНА ОД МАКЕДОНСКАТА ЕКОНОМИЈА – Големи разлики меѓу регионите

ДЕСК