Centar.mk
КУЛТУРА

Изложба „Ана Франк – историја за денес“ во Струга

На 14.5.2019 година, со почеток од 17 часот, свечено ќе биде отворена патувачката изложба „Ана Франк – историја за денес“, во просториите на Меѓународниот универзитет „Струга“ во Струга.

Изложбата е составена од триесет и девет изложбени панели, кои ја раскажуваат приказната за Ана Франк, истовремено раскажувајќи за холокаустот и Втората светска војна. Изложбата ја дополнуваат седум панели за домашниот контекст во периодот по Втората светска војна до денес.

Водичи на оваа изложба ќе бидат обучени средношколци и средношколки од СОУ „Нико Нестор“ – Струга и СОУ „Ибрахим Темо“ – Струга.

Изложбата во Северна Македонија е изработена и донесена во рамките на проектот „Хисторија, историја, повјест – Лекции за сегашноста“, кој е поддржан од Европската Унија, а поддршка доби и од Министерство за надворешни работи, Министерството за култура, Министерството за образование и наука, Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија и Амбасадата на Кралството Холандија. Досега изложбата беше поставена во 21 град, а ја посетија повеќе од 19 илјади посетители.

Можеби ќе ве интересира

Десет години, речиси 7.000 подарени книги: „Матица македонска“ за секој ученик во Демир Хисар

ДЕСК

„Без повод за поводи“ од Иван Антоновски во КИЦ: Нови читања на македонската книжевност

ДЕСК

„Германско-македонски училиштен речник“ – нов водич низ светот на германскиот јазик во издание на „Арс Ламина“

ДЕСК