Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Џафери во официјална посета на Република Австрија

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, денес и утре е во официјална посета на Република Австрија, на покана од неговиот хомолог, претседателот на Националниот совет на Република Австрија, Волфанг Соботка.

Претседателот Џафери е придружуван од пратеници, членови на Групата за соработка со Република Австрија, Реџаил Исмаили, претседател на Групата за соработка, и Мери Лазарова, член на Групата за соработка, како и Цветанка Иванова, генерална секретарка на Собранието.

Според агендата, се предвидува делегацијата да се сретне со домаќинот, претседателот на Националниот совет на Република Австрија, Волфанг Соботка, со потпретседателот на Сојузниот совет Магнус Брунер, со членовите на билатералната парламентарна група Австрија – Република Северна Македонија и претседателката Штефани Криспер и членовите на Комисијата за надворешно-политички работи со претседателот Андреас Шидер.

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски: Германските компании се партнери во трансформацијата на македонската економија

C +

Кузеска: Само ВМРО-ОКГ се богати, додека граѓаните едвај преживуваат

C +

Тошковски за денот на македонската полиција: Модернизација, реформи и бескомпромисна борба против криминалот, градиме модерна и професионална европска полиција

C +