Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Страотен пожар во зграда: Три лица и шестмесечно бебе итно пренесени во клиника

Утрово околу 04.40 часот во Гостивар, избувнал пожар во еден од подрумите во зграда на улицата „Мајор Чеде“. Од пожарот на лекарски преглед во Медицински центар Гостивар се јавиле три лица, а однесено е и шестмесечно бебе.

„Од извршениот преглед кај лицето З.М. биле констатирани изгореници од втор степен во пределот на левата рака и вратот,кај А. С. изгореници од прв и втор степен во пределот на целото тело и кај В.С. изгореници од прв степен во пределот на лицето. Кај шест месечното бебе нема изгореници, констатирано е само вдишување на чад“, велат од МВР.

Пожарот е локализиран. Увид ке се врши во текот на денов.

Можеби ќе ве интересира

СЕМЕЈНО НАСИЛСТВО ВО ВЕЛЕС – 82-годишен маж приведен по пријава дека ја нападнал сопругата со дрвен предмет

ДЕСК

ПРИВЕДЕН ОСОМНИЧЕН ЗА КРАЖБИ НА ВЕЛОСИПЕДИ – Полициска акција во скопски Карпош

ДЕСК

НЕДОРАЗБИРАЊЕ ПРЕРАСНАЛО ВО ТЕПАЧКА – Инцидент во скопска Кисела Вода

ДЕСК