10.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

СДСМ: Фактите ги демантираат лажните инфомации на ВМРО-ДПМНЕ, грижата кон земјоделците продолжува

Официјалните податоци ги демантираат лагите и лажната загриженост на ВМРО-ДПМНЕ, партијата која со години ги понижуваше и уценуваше земјоделците.Во 2016 година откупната цена на пролетната зелка беше 25,4 денари за килограм а оваа година, во ека на откуп изнесува 49 денари, а откупот е речиси комплетно завршен без никакви проблеми, соопшти СДСМ.

Според партијата, откупот на оризот од реколтата 2018-та е комплетно завршен и според податоците од регистарот на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, откупени се 10 000 тони оризова арпа и 7 000 тони бел ориз. Конкретно, крупниот бел ориз се откупувал по цена од 45 до 50 денари за килограм, за разлика од реколтата 2017–та кога откупната цена беше од 35 до 37 денари.

,,Со цел да се покријат загубите што ги имаа производителите на јаболка, се воведе интервентна мерка од 3 денари за предадено индустриско јаболко. Сите барања на производителите на јаболка се прифатени и се исплатени 5,5 милиони евра субвенции за одржување на овошни насади, меѓу кои и за јаболка.

Владата предводена од СДСМ успеа да реши долгогодишен проблем на лозарите, за којшто ВМРО-ДПМНЕ не покажа ниту доблест да го реши.Се исплатија 77 милиони денари на 2.048 лозари по основ на долгот што винарските визби го имаат кон лозарите за предаденото грозје во периодот од 15 август 2014 година до 15 ноември 2016 година. Иствремено, исплатени се субвенциите за основната мерка за одржување на лозови насади. 9 милиони евра завршија кај 15.208 лозари.Ова се дел од фактите што ја докажуваат грижата за земјоделците и ги побиваат лагите на лицемерното ВМРО-ДПМНЕ”, соопшти партијата.

Спонзорирано: