Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Групата на социјалисти и демократи во ЕП испрати честитка до Заев за резултатите од изборите

Групата Социјалисти и Демократи во Европскиот парламент, испратила писмо со честитка до претседателот на СДСМ, Зоран Заев за победата на претседателските избори, јави СДСМ.

Од страна на групата, во писмото, јасно била потенцирана нивната поддршка за нашата земја на патот кон ЕУ и поддршка на политиките на проширување на Унијата кон Западен Балкан.

„Ве уверуваме дека групата Социјалисти и Демократи ќе остане ваш силен поддржувач и веќе имаме идеи за идна блиска соработка“, се наведува во писмото, кое е потпишано европратениците Тања Фајон, Виктор Бостинару и Кнут Флекенштајн.

Групата европарламентарци од социјалистите и демократите понатаму во писмото го истакнале значењето на соработката помеѓу Парламентот на Република Северна Македонија и Европскиот парламент како „витален инструмент за подготовка на земјата за проширувањето на ЕУ“.

Во писмото до претседателот Заев, тие упатиле благодарност за добрата соработка во изминатите пет години за кои се наведува дека „не секогаш биле лесни времиња, но дека постојат значајни успеси, пред се Договорот од Преспа“.

Можеби ќе ве интересира

ВИСОК ПРИТИСОК ГО „ЗАКЛУЧУВА“ ВРЕМЕТО: Стабилност со скриена замка – Детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК

СДСМ со упатство: Безидејно ВМРО – ДПМНЕ, Македонија 2030

ДЕСК

Пожар во стан во Скопје, за среќа нема повредени

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.