Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Вработен убил холандски инвеститор во Македонија

Денеска (10.05.) околу 13.45 часот во СВР Тетово е пријавено дека во кругот на фирма лоцирана во село Прељубиште, во безсознание било пронајдено лицето Ј.М. (59), холандски државјанин и сопственик на фирмата. Од страна на итна медицинска помош, повикана на местото на настанот, била констатирано дека Ј.М. бил починат.

Според првичните сознанија, на настанот му претходела расправија и тепачка меѓу сопственикот на фирмата и лицето С.Р. од село Јанчиште, вработено во истата, кое од страна на СВР Тетово е веќе обезбедено. По насока на Јавен обвинител екипа на СВР Тетово започна со крим-технички увид на местото на настанот.

Можеби ќе ве интересира

ПЕТ ПРИЈАВИ ЗА НАСИЛСТВО ВРЗ ЖЕНИ – Во едно деноноќие пријавени демнење, закани и напади

ДЕСК

ОД УТРЕ ПОВТОРНО ДОЖД – Промена на времето, на планините можен слаб снег

ДЕСК

ТРИ ИЛЈАДИ СТУДЕНТСКИ СТИПЕНДИИ – Рокот за пријавување истекува на 20 ноември

ДЕСК