20.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

СДСМ: Раст од 7,7 отсто на извозот во првиот квартал од 2019

„Позитивните тенденции во економијата продолжуваат. Според официјалните податоци на Државниот завод за статистика, вкупниот извоз во периодот јануари – март 2019 бележи раст од 7,7 отсто во споредба со истиот период од 2018 година. По растот на извозот во 2018 година, тој бележи раст и во првото тримесечие од 2019 година. Економските политики на Владата предводена од СДСМ и интензивирањето на процесот на евроинтеграциите даваат реални резултати, соопшти партијата.

Според СДСМ, според вкупниот обем на трговска размена, земјава, по Германија и Велика Британија, најмногу тргувала со Грција, што е уште еден доказ дека решавањето на деценискиот спор позитивно влијае и ја унапредува економската соработка помеѓу двете земји.

„Растот на извозот во првиот квартал покажува дека е вратена довербата во стопанството, олеснет е пристапот до нови пазари, а економијата е стабилизирана и се движи во нагорна линија. По формалното пристапување во НАТО и интеграцијата во ЕУ, се отвораат можности за дополнително интензивирање на растот на извозот, што ќе придонесе за поголемо и поконкурентно производство, нови работни места и повеќе пари во стопанството“, се додава во соопштението.