Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Вработен убил холандски инвеститор во Македонија

Денеска (10.05.) околу 13.45 часот во СВР Тетово е пријавено дека во кругот на фирма лоцирана во село Прељубиште, во безсознание било пронајдено лицето Ј.М. (59), холандски државјанин и сопственик на фирмата. Од страна на итна медицинска помош, повикана на местото на настанот, била констатирано дека Ј.М. бил починат.

Според првичните сознанија, на настанот му претходела расправија и тепачка меѓу сопственикот на фирмата и лицето С.Р. од село Јанчиште, вработено во истата, кое од страна на СВР Тетово е веќе обезбедено. По насока на Јавен обвинител екипа на СВР Тетово започна со крим-технички увид на местото на настанот.

Можеби ќе ве интересира

Муцунски: Ќе бидеме прва земја во Европа која во мандатот на оваа администрација ќе оддржи стратешки дијалог со САД во Вашингтон

ДЕСК

Убедливо водство на ВМРО ДПМНЕ и Христијан Мицкоски според најнова анкета

ДЕСК

Алиу: Прекумерната тежина е сериозна хронична болест поврзана со над 200 коморбидитети – клучен во справувањето е мултисекторски одговор

ДЕСК