Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Откриен споменик на Горан Стојменовиќ, кој загина во акцијата во Диво Насеље

„Секоја жртва од минатото е света обврска во иднината. Денеска се собравме овде во паркот на општината Гази Баба да изразиме должна почит и вечен спомен за трагично загинатиот наш колега, пријател, татко, сопруг, сограѓанин – Горан Стојменовиќ, припадник на Единицата за специјални задачи „Тигар“ при Министерството за внатрешни работи, кој на 10 мај 2015 година прерано го загуби животот во полициската операција за неутрализирање на терористичката група во кумановската населба Диво Насеље.

Ова го истакна министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, на почетокот од своето денешно кусо обраќање по повод откривањето на споменикот посветен на припадникот на ЕСЗ „Тигар“, Горан Стојменовиќ, во паркот во општина Гази Баба, кој загина во полициската акција во кумановското Диво насеље на 10 мај 2015 година.

Министерот Спасовски, нагласувајќи дека со својата херојска смрт како наш бранител, припадник на македонската полиција, Горан Стојменовиќ го заслужил своето место меѓу бесмртните, посочи дека овој споменик посветен на незаборавот кон Горан не е никаква отплата на долгот кон него. Оти она со што тој, како и другите неговите колеги и соборци, нè задолжил, се враќа само со дела, со хумани дела, со професионални дела, со благородни дела, со сè она добро, чисто и честито заради што тие воопшто и ги положија своите животи“.

Можеби ќе ве интересира

ДЕНЕСКА ПРОТЕСТ ВО ЦЕНТАРОТ НА СКОПЈЕ – „Ниту една повеќе“ повикува на собир од 17 часот

ДЕСК

ВО 11 ЧАСОТ ЈАВНА СРЕДБА ЗА ЗАШТИТА НА ЖЕНИТЕ – Експертите ќе разговараат за пристапот до правда

ДЕСК

ТРИ СУДСКИ ПОСТАПКИ ЗА СТУДЕНТСКИОТ ОБРОК – Пресметките на МОН покажуваат 156 денари дневно

ДЕСК