Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Кабинетот на Анѓушев реагира: Законите важат за сите и нема поделба на инвеститорите

Очигледна е големата желба на ВМРО-ДПМНЕ да си прави промоција на партијата споменувајќи го името на вицепремиерот Кочо Анѓушев, реагира Кабинетот на Анѓушев по прес-конференцијата на Димче Арсовски од ВМРО-ДПМНЕ.

„Ја повикуваме партијата да се посвети на учење на елементарните работи во енергетиката и да објасни како ги држеше со години предметите во фиока на неподобните инвеститори за хидроцентрали и ги уценуваше со години, а во меѓувреме си ги реализира хидроцентралите за нејзините членови во рекордни рокови.

Во случајот со денешната прес-конференција на ВМРО-ДПМНЕ, станува збор за концесија дадена уште во 2015 година, а со концесискиот договор државата се обврзува да го додели земјиштето – постапка иста и за сите 80 изградени хидроцентрали во државата. Продолжувањето е констатирано од комисија за надзор, која е во рамките на Министерство за животна средина и просторно планирање и Кочо Анѓушев нема никаква врска со неа и практично не ни можел никако да влијае.

ВМРО-ДПМНЕ треба да се соочи со фактот дека сега законите важат за сите и нема поделба на инвеститорите, нешто што беше одлика на нивното владеење“, се наведува во реакцијата.

Можеби ќе ве интересира

ПЕТ ПРИЈАВИ ЗА НАСИЛСТВО ВРЗ ЖЕНИ – Во едно деноноќие пријавени демнење, закани и напади

ДЕСК

ОД УТРЕ ПОВТОРНО ДОЖД – Промена на времето, на планините можен слаб снег

ДЕСК

ТРИ ИЛЈАДИ СТУДЕНТСКИ СТИПЕНДИИ – Рокот за пријавување истекува на 20 ноември

ДЕСК