Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Кина се противи на едностраните американски санкции против Иран

Кина сe противи на едностраните санкции на САД против Иран, а ограничувањата на продажбата на нејзината нафта само ќе ја влошат нестабилноста на глобалните енергетски пазари, објави кинеското Министерство за трговија во четвртокот.

Претседателот Доналд Трамп во средата наметна нови санкции за Иран, насочени кон приходите од нејзиниот извоз на индустриски метали. Извршната наредба издадена од Трамп, исто така, вели дека лицата и субјектите кои соработуваат со Иран во продажбата, снабдувањето или преносот на стоки или услуги поврзани со овие метали, ќе се соочат со санкции.

Иран и Кина се важни трговски партнери, а Кина ќе ги брани правата на своите фирми, изјави портпаролот на кинеското Министерство за трговија, Гао Фенг.

Можеби ќе ве интересира

Ангелова: Позитивната оценка од ЕК за образованието и отворањето нови градинки се чекор кон подобри услови за децата и младите

ДЕСК

СНЕГОТ СЕ СПУШТА И КОН ПОНИСКИТЕ МЕСТА – УХМР најавува снежна покривка до 20 сантиметри и силно заладување

ДЕСК

ГОРЕШЕ СТАН ВО ОХРИД, ОСУМ ЛИЦА ИТНО ПРЕНСЕНИ ВО БОЛНИЦА, УАПСЕН МАЖ КОЈ СЕ СОМНИЧИ ДЕКА ГО ЗАПАЛИЛ – Ова се првите детали од моменталните настани во Охрид

ДЕСК