Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

СДСМ: Мицкоски како синоним за злоупотреби со хидроцентрали треба да одговори за бизнисот додека му бил советник на Груевски

-Христијан Хидро Мицкоски, како синоним за злоупотреби со хидроцентрали, треба да одговори како конзорциумот во кој има удел го добил бизнисот и земјиштето во време кога му бил советник на Никола Груевски, реагираат од СДСМ на прес конференцијата на Димче Арсовски од ВМРО – ДПМНЕ. 

-Како тоа баш Хидро Мицкоски, во време додека бил советник на Никола Груевски,  заедно со неговиот сопартиец Димитар Димовски добиле државно земјиште од 33.000 квадратни метри за изградба на хидроцентрали? 

Затоа за овој случај предмет отвори и Државната комисија за спречување на корупција.

СДСМ ја поздравува работата на ДКСК и ја поддржува. 

Се докажува исправноста од реформирањето на ова независно тело кое е насочено кон заштита на јавниот интерес, процес што токму ВМРО-ДПМНЕ со месеци се обидуваше да го блокира но не успеа, се вели во реакцијата.

Можеби ќе ве интересира

ПРВО ТЕМПЕРАТУРИ ДО 25°C, А ЗА ВЕЛИГДЕН СИЛЕН ДОЖД И СНЕГ НА ПОВИСОКИТЕ МЕСТА: Синоптичарите излегоа со повеќедневна прогноза

ДЕСК

Маж од Кичево возел иако имал забрана за управување возило и удрил во малолетник, лишен е од слобода, возилото е одземено

ДЕСК

ПОЛИЦИЈАТА “УПАДНА” ВО НОЌНИ КЛУБОВИ ВО ОХРИД И СКОПЈЕ: Полицајците тресеа познати локали – констатирано дека клубови точеле алкохол, а обложувалница примало малолетници

ДЕСК