Centar.mk
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Според Шангајската листа најдобар Универзитет во Северна Македонија во областа на наставата и учењето е Меѓународниот Балкански Универзитет

Создавање на висококвалитетен кадар којшто е веднаш конкурентен на пазарот на трудот, воспоставено партнерство со бизнис секторот, околу 150 договори за соработка, со можност за стажирање и работа на студентите се само дел од придобивките од студирањето на Меѓународниот Балкански Универзитет (МБУ). Универзитетот којшто според Шангајската листа е најдобар во државата во областа на наставата и учењето поседува двојна акредитација, од Македонија и од Турција, со комбинација на напредни програми и методи за студирање во мултинационална средина. На МБУ во моментов студираат повеќе од 2000 студенти од Македонија, Турција, Црна Гора, Косово, Србија, Босна и Херцеговина, Бугарија.

„Меѓународниот Балкански Универзитет е создаден врз идејата за зближување и поврзување на двата клучни сектори во секое просперитетно ориентирано општество, образованието и стопанството. Си поставивме мисија да го подигнеме образовното ниво во регионот и да го направиме поконкурентен пазарот на трудот. Веќе 13 години со нашата мултинационална и мултикултурна филозофија и едукативните програми и методи на работа, создаваме самоуверени, општествено одговорни и глобално конкурентни интелектуалци и професионалци подготвени за веднаш да се наметнат како фактор на пазарот на трудот. На тој начин универзитетот игра клучна улога во градењето и зацврстувањето на мостови на соработка, взаемна поддршка и блиски односи меѓу народите на Балканот и Турција, што е уште една наша предност“, вели Ајдован Адемоски, претседател на Управниот одбор на Меѓународниот Балкански Универзитет.

Универзитетскиот кампус располага со седум факултети, вклучително 18 програми за додипломски студии и 10 програми за постдипломски студии во различни области, како што се инженерство, архитектура, економија, административни науки, ликовна уметност, образовни науки, комуникација, хуманистички науки и општествени науки. Во процес на акредитација е и новоформираниот Факултет за медицински науки, кој ќе отвори нови можности за младите во државата да се професионализираат во висококвалитетни образовни услови и во оваа многу значајна област. На ниво на универзитетот воспоставени се релации кои нудат многу можности за студентите, пред се преку програмите за размена како Еразмус+ и Мевлана, како и договори за билатерална соработка со истакнати европски универзитети.

Во насока на подигнување на свеста за општествената одговорност, откако е основан универзитетот досега има доделено повеќе од 1000 стипендии на талентирани студенти, со што придонесува за поголема и поширока достапност до квалитетно образование на универзитет со меѓународен карактер и странско искуство преку програмите за мобилност во текот на студиите.

Можеби ќе ве интересира

Мециновиќ: Државата од криза во криза не учи, а граѓаните ја плаќаат цената

ДЕСК

Билатерални средби на претседателот Гаши на маргините на 152. Собрание на ИПУ во Истанбул

ДЕСК

Филков се сретна со граѓански организации за реформите во изборното законодавство

ДЕСК