Centar.mk
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Нервоза и контрадикторност во ВМРО ДПМНЕ – Еве што порача Игор Јанушев

Народот се дигна против власта на Заев. Потврдена е новата реалност, народот бара промени. Тргна падот на Заев и неговата власт, а народот победува, истакна генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев.

-Заев ја губи поддршката, а бројот во општини каде оваа власт е детронизирана повторно ќе биде огромен. Реалноста е дека народот бара правда, слобода, стандард, принци и вредности, истакна Јанушев.

Тој додаде дека власта денес воопшто не беше на висината на задачата, бидејќи се забележани огромен број на нерегуларности.

Индициите и сомнежите на ВМРО-ДПМНЕ говорат дека имало организирано гласање, поткуп, уцени, закани…

-Денес, народот победи. Очекуваме одличен резултат за ВМРО-ДПМНЕ и се` освен победа на Силјановска ќе фрли огромна дамка на овие избори. Ова за нас е битка за правда, принципи и вредности. ВМРО-ДПМНЕ се враќа на голема врата, а падот на Заев почна.

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски: Германските компании се партнери во трансформацијата на македонската економија

C +

Кузеска: Само ВМРО-ОКГ се богати, додека граѓаните едвај преживуваат

C +

Тошковски за денот на македонската полиција: Модернизација, реформи и бескомпромисна борба против криминалот, градиме модерна и професионална европска полиција

C +