Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Граѓаните избираат петти претседател на државата

Денеска граѓаните гласаат во вториот круг од претседателските избори. Се избира петтиот претседател на државата, а гласањето го спроведуваат 80 општински изборни комисии на 3.480 избирачки места. Право на глас имаат 1.808.131 граѓани.

Во претседателската трка се кандидатот на СДСМ и коалицијата, Стево Пендаровски и на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, Гордана Сиљановска Давкова.

Изборите ќе ги следат 3.381 домашен набљудувач и 520 странски набљудувачи акредитирани од ДИК.

Вчера гласаа лицата од казнено-поправните домови, внатрешно раселените, лицата кои се наоѓаат на издржување мерка куќен притвор и немоќните и болни лица кои го побарале тоа од општинските изборни комисии.

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски: Невработеноста е на историски најниско ниво, под пет проценти

C +

Мицкоски ги повика Македонците да летуваат дома, за надминување на метежот со Грција има разговори во ЕУ

C +

Уапсени 11 возачи за безобѕирно возење, седуммина немале дозвола

C +