Centar.mk
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Заев од Битола: Сиљановска и Мицкоски се само ново лице на стариот режим

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, на денешната трибина во Битола рече дека Мицкоски и Гордана Сиљановска се ново лице на стариот режим на Никола Груевски.

-Го слушам Мицкоски, математичарот којшто повеќе ги помешува бројките. Едно исто со години, ништо ново. Тоа е едно празно множество, нема ништо тука, ниту предлог, ниту алтернатива, ниту решение, ништо. Каде беше Сиљановска 11 години нешто да искоментира, кога немаше слобода на медиумуите, кога се тресеа граѓаните, кога беа осиромашени и обесправени.

Зошто молчеше? Тоа е само ново лице на стариот режим на Груевски и ништо друго. Во недела да излезем и да им упатиме порака: режим никогаш повеќе во нашата Македонија, рече Заев на трибина со граѓаните во Битола.

Можеби ќе ве интересира

Попладнево трагедија ја потресе Македонија – Во сообраќајка кај Мирковци загина едно лице

ДЕСК

Важна вест вечерва пристигна од Министерството за надворешни работи до граѓаните кои се заглавени во Емиратите

ДЕСК

Сончево, па дожд – Метеоролозите со детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК