13. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

СДСМ: Сиљановска да каже како нејзиниот сопруг купил куќа од државата додека таа била министерка

Јавно објавени информации и достапни документи покажуваат дека во времето додека кандидатката на ВМРО – ДПМНЕ, Гордана Сиљановска-Давкова, била министерка во Владата, нејзиниот сопруг од државата купил куќа од над 100 квадратни метри во центарот на Скопје, соопшти СДСМ.

„Сиљановска пред граѓаните должи одговор како и на кој начин токму нејзиниот сопруг од државата купил куќа додека таа била министерка. Која била нејзината улога во купопродажбата на станбениот простор на атрактивна локација во Скопје?

По случајот со бизнисот со фри-шоп на нејзиниот сопруг, ова е уште еден случај на основано сомневање за непотизам и судир на интереси во кој е вмешана Гордана Сиљановска.

Граѓаните нема да дозволат некој кој ја злоупотребувал службената положба да застане на чело на државата и затоа на 5 мај граѓаните ќе изберат вистински претседател кој ќе работи во нивен интерес, граѓаните ќе го изберат Стево Пендаровски за нов претседател на државата“, се вели во партиското соопштение.

Можеби ќе ве интересира

Филипче: Никој во Кочани не може да оди со крената глава, не се оди така пред луѓе што изгубиле сè

ДЕСК

Филипче од Виница: ВМРО-ДПМНЕ ја остави Виница без ниту еден проект, во долгови, смет и зголемени сметки

ДЕСК

Милевски: Виница заслужува ред и напредок, да не ја препуштиме повторно на локалните шерифи

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.