14. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Ниту една лажна вест на ВМРО-ДПМНЕ не може да ги покрие предметите на СЈО за нивните функционери и тоа што ДКСК отвори предмети за Хидро Мицкоски, порачаа од СДСМ/

– Очајни се обидите на ВМРО-ДПМНЕ преку рециклирани и преповторени лажни вести да ја покрива веста на денот, дека Државната комисија за спречување на корупцијата отвори два предмети против Христијан Хидро Мицкоски за основани сомненија за судир на интереси, реагираат од владејачката СДСМ.

– ВМРО-ДПМНЕ е партијата симбол за криминал и корупција против чиишто функционери се водат бројни предмети од страна на СЈО и надлежните правосудни органи, а почесниот претседател Никола Груевски е осуден со правосилна судска пресуда.

ВМРО-ДПМНЕ и институционално се потврдени како симбол на непотизам, роднинските и партиските вработувања.

Граѓаните на Струмица тоа добро го знаат. Исто како што знаат дека 11 години ВМРО-ДПМНЕ како централна власт не само што не вложи денар во Струмица, туку и свесно и намерно ја опструира работата на локалната власт, а компаниите беа под постојан притисок, уцени, закани и казни.

ВМРО-ДПМНЕ наместо да шири лажни вести да научи дека сите парцели од индустриската зона кај Сачево се продадени. Парцелите со вкупна површина од 396 илјади метри квадратни, ги купија 16, домашни и странски компании кои градат свои производствени погони.

ВМРО-ДПМНЕ не може да се помири со економскиот успех и затоа постојано има потреба да шири лажни вести.

ВМРО-ДПМНЕ не може да се помири со фактот дека за 20 месеци без ниту еден денар потрошен за реклами и скапи кампањи во Технолошко индустриските развојни зони во државата инвестирале 17 странски компании, а 2018 година е година на рекорден износ на странски инвестиции од 624,5 милиони евра.

Наместо да шири стари, веќе демантирани лаги, ВМРО-ДПМНЕ нека учи економија и нека се спрема за пораз во недела, велат од СДСМ.

Можеби ќе ве интересира

Филипче: Кога институциите молчеа, ние ја кренавме вистината за Кочани

ДЕСК

Филипче: Никој во Кочани не може да оди со крената глава, не се оди така пред луѓе што изгубиле сè

ДЕСК

Филипче од Виница: ВМРО-ДПМНЕ ја остави Виница без ниту еден проект, во долгови, смет и зголемени сметки

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.