23.8 C
Скопје
21. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Костадинов по истражувачката сторија на Centar.mk: Сиљановска мора да одговори како и на кој начин токму нејзиниот сопруг во време кога таа била министерка од државата купил куќа од над 100 квадратни метри во строгиот центар на Скопје?

– Денеска, на Меѓународниот ден на слободата на медиумите, потсетуваме: Гордана Сиљановска во 2010 јавно го оправдуваше упадот и затворањето на А1 телевизија.

Сиљановска јавно го оправдуваше и затворањето на А1 телевизија, порача Костадин Костадинов, портпарол на СДСМ.

– Во времето на режимот не кажа ниту еден збор збор за тоа што државата беше на дното во Европа по новинарски слободи. Не кажа збор за тоа што се затвораа медиуми, се апсеа и притвораа новинари, масовно се кршеше слободата на говор и мислење, вели Костадинов.

По Истражувачката сторија која отвора сомнежи како е стекнат имотот: Додека Сиљановска била министерка во Владата, нејзниот сопруг од државата купува куќа во центарот на Скопје, а објавена на Centar.mk, оваа тема ја отвори и Костадин Костадинов, портпарол на СДСМ.

– Молчеше Сиљановска тогаш, но Сиљановска молчи и денеска на јавно поставени прашања.
Сиљановска се уште не одговара како и на кој начин нејзиниот сопруг од државата купил куќа во центарот на Скопје додека таа била министерка.
Според јавно објавените информации и достапните документи, во 1993 година, додека Сиљановска била министерка, нејзиниот сопруг од државата купил куќа на атрактивна локација во центарот на Скопје.

Сиљановска мора да одговори како и на кој начин токму нејзиниот сопруг во време кога таа била министерка од државата купил куќа од над 100 квадратни метри во строгиот центар на Скопје, рече Костадинов.

– По случајот со бизнисот со фри шоп, ова е втор случај поврзан со Сиљановска, во кои постојат основани сомненија за непотизам и судир на интереси.

Гордана Сиљановска е пример за транзициски профитер и пример за непотизам и судир на интереси. Сиљановска е неискрена, нечесна и поддржува и оправдува затворање на медиуми и притисоци врз медиуми и новинари.

Граѓаните нема да дозволат нечесни транзициски профитери, симбол на непотизам да застанат на чело на државата.

Во недела, на 5 мај, граѓаните масовно ќе излезат и ќе поддржат вистински претседател кој ќе работи во исклучиво во нивен интерес. Граѓаните ќе го изберат Стево Пендаровски за нов, вистински претседател на државата, рече Костадинов.