24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Неколкучасовни блокади на патот до скопскиот аеродром на 7 мај

Патот до скопскиот аеродром на 7 мај, за време на посетата на папата Франциско, ќе биде затворен за сообраќај од 7 и 30 до 9 часот, и потоа од 16 и 15 часот. Поради тоа, патниците кои имаат утрински летови треба да пристигнат најдоцна во 7 часот, а оние кои имаат вечерни летови треба да пристигнат најдоцна до 15 и 30 часот.

„Ги информираме сите патници кои имаат утрински летови од Меѓународниот аеродром Скопје на 7 мај, дека ќе треба да пристигнат на аеродромот најдоцна во 7 часот бидејќи од 7:30 часот до 9 часот патот до аеродромот ќе биде затворен за сообраќај, додека оние патници кои ќе имаат вечерни летови, ќе треба да пристигнат на аеродромот најдоцна до 15:30 часот бидејќи од 16:15 часот патот до Меѓународниот аеродром Скопје ќе биде затворен за сообраќај“, велат од Меѓународниот аеродром Скопје.

Сите детали во врска со режимот на сообраќај до аеродромот и евентуални измени се објавени на веб-страницата https://papa.mk/soobrakjaj/.

Во врска со редовниот автобуски превоз за патници на ТАВ Македонија до Меѓународниот аеродром Скопје, со официјалниот превозник „Манора“, на 7 мај, временскиот распоред на автобуските линии нема да претрпи промени, освен линијата која во 8:30 часот поаѓа од аеродромот кон Скопје, која што на 7 мај ќе тргне половина час подоцна.