Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Мечката заигра и во белиот дворец: Мицкоски под лупа на Антикорупциска за два случаи

Државната комисија за спречување на корупција на денешната седница отвори два предмети против актуелниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Едниот предмет се однесува за добивање на 33.000 метри квадратни државно земјиште за изградба на хидроцентрали и доделување концесија за користење вода за производство на електрична енергија со изградба на хидроцентрали на фирмата „Енерго тек“ ДО Скопје.

Другиот предмет се однесува на назначувањето на Мицкоски во септември, 2016 година за директор на АД ЕЛЕМ од страна на надзорниот одбор, а истовремено бил и советник на тогашниот премиер Никола Груевски од областа на енергетиката.

ДКСК констатираше дека двата предмети се класичен пример на злоупотреба на функции и судир на интереси.

Можеби ќе ве интересира

Лишен од слобода поранешниот претседател на ФФМ, поднесена кривична пријава за проневера

ДЕСК

Мицкоски: СДСМ направи историска капитулација со Бугарија, само мекотели политичари кои клечат на колена како Филипче изјавуваат дека ние сме ја провоцирале Бугарија

ДЕСК

Мицкоски: На следните избори останува техничката влада, предложеното законско решение е за техничката влада за изборите потоа, стравот на Филипче е дека и тие избори ќе ги изгубат

ДЕСК