23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Алијанса за Албанците: Во фокусот на кампањата на двајцата кандидати не е Држава за сите, туку Држава и Власт на македонска партија или поединец

„Алијанса за Албанците“ оценува дека вториот круг од претседателските избори се одвива без конкретна понуда за граѓаните. Како што наведува партијата, во фокусот на кампањата на двајцата кандидати не е Држава за сите, туку Држава и Власт на македонска партија или поединец, кој што, во минатото и сегашноста повеќе ги дискриминирал или вршел насилство врз Албанците. Ова било констатирано на состанок на Централното претседателство на партијата.

„Рекламните спотови од двата кампуси на кандидатите се најдобар доказ за уставно-правната положба и нивото на почитување на елементарните човекови права, во конкретниот случај на Албанците во РСМ. Тие се најдобриот одговор на многуте “зошто?” поставувени од личности со сомнителен кредибилитет чија единствена цел беше да ги дискредитираат политичките дејствија на „Алијанса за Албанците“ и албанската опозиција, како и нивното застанување зад кандидатурата на професорот Блерим Река и неговиот концепт за Држава за сите и против моноетнизмот на државава. Овие спотови се дополнителен доказ за меѓународниот фактор, САД и ЕУ за тоа во кој степен е почитувањето на човековите права, дека монтираните политички процеси се уште се реалност и дека владеењето на правото сé уште е далеку кога станува збор за Албанците.

Апелираме до двајцата кандидати да запрат со оваа валкана кампања на подобар или полош џелат и итно да престнат да ги емитуваат овие рекламни спотови. Наместо нивно емитување, јавно нека им се извинат на Албанците и да дадат гаранции дека тие никогаш нема да се повторат“ порача партијата на Зијадин Села.

„Алијанса за Албанците“ го повтори ставот искажан за време на изборната кампања, дека нејзините приврзаници не ги сметаат за сопственост и плен во функција на тесните интереси на одделни поединци.

„Секој глас за нас го зајакнува нашето партнерство со вас за градење, заживување и зајакнување на политичката платформа на „Алијанса за Албанците“ во функција на уставната и социо-економската еднаквост на Албанците во РСM. Нашата поддршка беше за проф. Блерим Река. Цениме дека ја добивме поддршка на апсолутно мнозинство Албанци во РСМ. Ја користиме оваа прилика да ви се заблагодариме за работата и поддршката што му ја дадвте напрофесорот Река и на концептот на албанската опозиција. Главниот непријател на концептот и стручната подготовка на професорот Река беше предрасудата. Нашиот главен сојузник е нашето право и реформи и нашите поддржувачи како гаранција на овој вистински пат. Вие почитувани граѓани сте нашиот суверен и наш партнер во градењето на достоинствен живот, затоа апелираме да го изразаат својот суверенитет во недела.

Ние заеднички во 2017 го деблокиравме патот на интеграцијата на земјата во НАТО и во ЕУ, победувајќи го режимот, заедно кажавме ДА, за НАТО и ЕУ на референдумот и уставните промени. Заедно, ќе стоиме на истата патека за нашата иднина, не подредена, но еднаква и достоинствена“ се додава во партиското соопштение.