Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Трагедија во Македонија – мотоциклист почина во сообраќајна несреќа

Мотоциклист починал вчера во сообраќајна несреќа во Куманово. Како што информира МВР, вчера во 23:55 часот било пријавено дека во Куманово на паркингот од улицата „Пиринска Македонија“ пред градскиот базен, 46-годишниот Р.Г. од Куманово управувајќи мопед „Лингбен“ со кумановски регистерски таблици, изгубил контрола и удрил во рабник од острово со зелена површина, по што паднал на коловозот.

Р.Г. починал на местото на настанот. Извршен бил увид од страна на увидна екипа од СВР Куманово и Јавен обвинител и се работи на целосно расчистување на случајот.

Можеби ќе ве интересира

Времето драстично се менува: Утрински мразеви и слаб дожд во најава

ДЕСК

Уставниот суд го поништи Законот за изменување на Законот за платите на судиите донесен во февруари 2026 година во Собранието

ДЕСК

Драма во Куманово: Малолетник уапсен по инцидент со пиштол и нож

ДЕСК