13.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

СДСМ: Сиљановска е поддржана од криминалци и воени злосторници

Кандидатката на Христијан Мицкоски, Гордана Сиљановска, молчи за тоа што шефот на нејзиниот штаб, Игор Јанушев, е дел од истрага на специјалното јавно обвинителство наречена „Дизајн“ поради постоење на основано сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“ поврзан со сомнителна јавна набавка на автобуси. Молчи Сиљановска и за тоа што во време на владеење на неговата ВМРО-ДПМНЕ таткото и сестрата на Јанушев се вработиле во ЦУК, односно МВР, соопшти СДСМ.

Според партијата, Сиљановска молчи затоа што и самата е симбол на непотизам и транзициски политичар бидејќи додека била министерка во првата политичка влада во независноста нејзиниот сопруг добил бизнис со фри-шоп.

„Гордана Сиљановска, која ниту еднаш не го осуди насилството од 27 април, е поддржана токму од личности кои се правосилно осудени за терористичко загрозување на уставниот поредок, како Игор Југ и Јане Ченто. Покрај осудени насилници и криминалци, Сиљановска е поддржана и од воени злосторници како Јохан Тарчуловски.Исто како и Христијан Мицкоски, и Гордана Сиљановска е на браникот на насилството, криминалот и злосторствата.

Таа не може повеќе да ја лаже јавноста дека е за право и правда. Граѓаните гипрепознаа нејзината нечесност, неискреност и лажно претставување како натпартиски кандидат и затоа загуби во првиот круг од претседателските избори.На 5 мај Сиљановска и ВМРО-ДПМНЕ ќе доживеат пораз со уште поголема разлика. Граѓаните нема да дозволат неискрени личности поддржани од насилници и злосторници како Сиљановска да застанат на чело на државата. Граѓаните во вториот круг масовно ќе го поддржат концептот на Стево Пендаровски, идниот претседател на државата”, се наведува во соопштението.

Спонзорирано: