Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

ВМРО-ДПМНЕ: Нема семејство во државата кое не се соочува со проблеми предизвикани од оваа власт

Република Македонија тоне со СДСМ на власт и нема семејство во државата кое не се соочува со проблеми предизвикани од оваа власт, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Според опозициската партија, 500 илјади граѓани живеат на прагот на сиромаштија.

„Власта наместо да создава можности за развој, дополнително ја урнисува државата. И додека граѓаните едвај врзуваат крај со крај, криминалниот картел на власта се богати. Над половина милијарда евра изнесува новиот долг кој го направи оваа власт. Долгот порасна и ја надмина психолошката граница од 50%, а граѓаните не знаат на што се потрошени нивните пари“, се наведува во соопштението.

Како што истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ, според досегашниот тек, годинава на економски план ќе биде уште полоша и од претходната.

„Глас за Стево Пендаровски е глас за Зоран Заев, за да продолжи негативниот тренд во економијата“, порачуваат од партијата, додавајќи дека со СДСМ државата само заглавува.

Можеби ќе ве интересира

Утре врнежи од дожд а на планините снег

C +

Димитријевиќ: Власта нема допир со реалноста како живее едно семејство, арогантно одбива да ги покачи платите

C +

Бислимоски го информирал Собранието за оставката, РКЕ му се заблагодарува за долгогодишната соработка

C +