16. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Џафери: Нека убавите празнични мисли царуваат во вашиот ум и живот

Претседателот на Собранието, Талат Џафери од негово име и од името на пратениците на Собранието, упати честитка по повод големиот христијански празник, Воскресение Христово – Велигден.

„На овој празничен ден, дозволете ми да Ви упатам искрени желби за добро здравје, спокој во душата и благосостојба во домот. Нека убавите празнични мисли царуваат во умот и животот, ваш и на вашите блиски и сакани. Нека духот на овој голем празник завладее во вашите души за да влее верба и надеж дека универзалните пораки на почит кон истиот а и различниот, благодарност кон Бога но и кон блиските, солидарност кон познатите но и кон непознатите, љубов кон блиските но и кон целиот човечки род, се водилки и начин на живот за сите кои живеат на оваа планета Земја. Заедно, да придонесеме за креирање на совршениот мозаик кој е цел кога ги има сите делчиња. Почитувани граѓани, примете искрени честитки и желби за весели и убави празнични денови поминати со вашите најмили“, вели Џафери во честитката.

Можеби ќе ве интересира

АХВ се вклучи во одбележувањето на 16 октомври Светски ден на храната

ДЕСК

СВР Битола со АПЕЛ до граѓаните да не наседнуваат на телефонски измами за лажни сообраќајни несреќи

ДЕСК

ПОДГОТВЕТЕ СЕ ЗА ОБИЛНИ ВРНЕЖИ ОД ДОЖД – Објавено метео предупредување

ДЕСК