12.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МЕТЕОCENTARМАКЕДОНИЈАИЗБОР

Временска најава за празниците: Голема промена која носи невреме проследено со дожд, грмежи, град…

До сабота ќе преовладува топло време со значителен пораст на температурата на воздухот. Претпладне ќе биде сончево, а во попладневните и вечерните часови наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи.

Локално процесите ќе бидат во форма на невреме и ќе има појава на град и засилен ветер. Особено поинтензивни процеси на повеќе места ќе има во сабота.

Утре сончево и топло со мала до умерена облачност, попладне на места ќе биде нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер.

Прогноза за 26.04.2019
Минимална температура: 6°C до 12°C
Максимална температура: 18°С до 26°C
Сончево и топло со мала до умерена облачност, попладне на места ќе биде нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер.

Прогноза за 27.04.2019
Минимална температура: 7°C до 13°C
Максимална температура: 17°C до 25°C
Променливо облаќно и нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтезивни во форма на невреме со изолирана појава на град.

Прогноза за 28.04.2019
Минимална температура: 7°C до 12°C
Максимална температура: 16°C до 24°C
Сончево со умерена облачност. Ќе дува умерен северозападен ветер.

Спонзорирано: