Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Сиљановска е типичен пример за транзициски профитер и симбол за непотизам, велат од СДСМ

Факт е дека Сиљновска кога била министерка во првата политичка Влада од независноста, во деведесетите години, нејзиниот сопруг добил бизнис со фри-шоп, реагираат од СДСМ.

– Сиљановска во интервју на Сител телевизија призна дека фри шопот постоел.

Сиљановска воопшто не е „симбол на правото и правдата“ туку типичен пример на транзициски профитер и симбол за непотизам и злоупотреби.

Во тоа време Сиљановска наидува на жестока критика токму од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ.

За ВМРО-ДПМНЕ таа преставувала узурпаторка на функцијата и транзициска профитерка, како што била опишувана во собранието во 1994 година.

Меѓу нив се и тогашните пратеници на ВМРО-ДПМНЕ, Михаил Пановски и Александар Флоровски.

Граѓаните нема да дозволат нечесни и неискрени личности, симбол за непотизам и злоупотреби, залутани во политиката да застанат на чело на државата.

На 5-ти мај граѓаните ќе упатат јасна порака, ќе одберат напредок, сигурна иднина, чесен и искрен човек, ќе го изберат Стево Пендаровски за претседател, се вели во соопштението на СДСМ.

Можеби ќе ве интересира

МАКЕДОНЦИТЕ СÈ ПОТЕШКО ГО ПОЛНАТ ФРИЖИДЕРОТ: Сметката расте, кесите се сè попразни

ДЕСК

ГРАДОТ ЗА 10 МИНУТИ МОЖЕ ДА НАПРАВИ ШТЕТА ОД 1.000 ЕВРА: Дали луѓето се подготвени?

ДЕСК

ПОЛИЦИЈАТА РАСЧИСТУВА ТЕЖОК СЛУЧАЈ: Новородено бебе било дадено на незаконско посвојување за пари и бенефиции

ДЕСК