9.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Кирацовски направи потег кој беше незамислив во времето на режимот на Никола Груевски

Пратеникот на СДСМ, Александар Кирацовски направи нешто што во време на режимот беше незамисливо.

Неговата сестра и мајката на неговата сопруга по своја лична одлука се повлекоа од своите работни места.

-Нашата татковина, државата, општеството, покажува зрелост како никогаш досега.
Граѓаните реагираат, а независните институции постапуваат согласно нивните надлежности.

Пред нас се одлуки, заклучоци на Државната комисија за спречување на корупцијата.
Моето лично мислење за овие одлуки ќе го задржам за себе, тоа сега не е важно.

Презедовме одговорност, пред граѓаните, да ги менуваме работите, да го менуваме системот. Нашата обврска ја исполнуваме само со конкретни чекори.

Јас бев првиот што јавно реагираше уште на првите реакции од јавноста. Таткото на мојата сопруга, Борис Поповски, веднаш го повлече својот ангажман како алатничар, преку Агнеција за времени вработувања.
Во оваа насока сакам да ја известам јавноста дека побарав повлекувањe на моите роднини од работните места за кои ДКСК наоѓа некакви индиции, иако немам право на тоа.
Од работното место, кое нема никаква поврзаност со непотизам, се повлекуваат и мојата сестра, Мирјана Јосифовска и мајката на мојата сопруга. По нивна волја, како нивна лична одлука.

Привилегии, партизација и непотизам не се вредности на СДСМ, не се ниту ќе бидат мои вредности.
Очекувам Државната комисија за спречување на корупцијата да поведе постапка и за бројните партиски вработувања на ВМРО-ДПМНЕ и непотизмот кој што го раширија до невидени размери.

Се друго би било дискриминација на граѓаните. Само така можеме да градиме праведно општество кое нуди фер шанса за секој наш граѓанин., напиша Кирацовски.

https://www.facebook.com/168937753304984/posts/1120044951527588?sfns=mo

Ваков потег е новост и невиден во македонската политичка сцена

За време на режимот на Никола Груевски видовме како први братучеди беа главни фактори во државата истурени на највисоките функции. Денес гледаме администрација преполна со роднини, браќа, сестри, внуци, деца, свекрви на највисоките функционери од претходната извршна власт, кои пак ги прават најголемите сопки на државава при интеграцијата во ЕУ и НАТО.

На ред сега е антикорупциска да почне истраги за времето на режимот и да донесе одлуки за вработувањата во тоа време, се зборува за бројки од повеќе илјади вработени со роднински врски во пеиродот од 2006-та до 2016-та. После ова антикорупциска ќе има полни раце работа.

И на крај, дали е во ред да се сатанизира секој функционер чиј што роднина е вработен во администрација? Кој сака да ги дискриминира овие луѓе исто така се државјани на оваа земја и мора да уживаат услови на фер борба при вработување, а не на ваков начин да бидат дискриминарани со цел собирање на политички поени за опозицијата.