2. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ загуби во првиот круг, за каков легитимитет зборува кога загуби нови 130.000 гласови од последните претседателски избори

– ВМРО-ДПМНЕ загуби во првиот круг. За каков легитимитет зборува кога загуби 130.000 гласови од последните претседателски избори, велат од СДСМ во реакцијата упатена во јавноста.

– Гордана Силјановска има 130.000 гласови помалку од гласовите на ВМРО-ДПМНЕ во првиот круг на изборите во 2014 година.

Со тоа, во првиот круг од претседателските избори, граѓаните покажаа дека не сакаат нов Иванов ниту нов Груевски.

Граѓаните покажаа дека не го поддржуваат концептот на ВМРО-ДПМНЕ што се заканува да ја врати земјата назад во изолација, криминал и поделби.

Граѓаните го препознаа лицемерието на ВМРО-ДПМНЕ и Сиљановска кога лажат дека се за правда, додека бранат криминалци и насилници.

Факт е дека во првиот круг од изборите победи Стево Пендаровски и неговиот концепт што води напред и ниту една весела математика на ВМРО-ДПМНЕ не може да го побие тој факт.

Граѓаните нема да дозволат Сиљановска и ВМРО-ДПМНЕ да го вратат режимот на Груевски, нема да дозволат заради одбрана на криминалот некој да го закочи напредокот што води во ЕУ и НАТО.

Предноста на Пендаровски и волјата на мнозинството граѓани за напредок се потврда за победа на концептот за напредок во вториот круг со многу поголема разлика, велат од СДСМ.

Можеби ќе ве интересира

Синоптичарите со нови предупредувања, се очекува НЕВРЕМЕ во поголем дел од Македонија со пороен дожд, грмежи, а некаде и град – Метеоцентар со детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК

Метеж на границите: на Табановце и Богородица се чека по 45 и 30 минути

C +

Арсовска до Ганиу: Сакаше да ги видиш сите 150 небезбедни згради, нема проблем, ќе ги видиш и ти и цела Македонија

C +