Centar.mk
БИЗНИС

НОВО ЌЕСЕ, СТАРА СМЕТКА: Собранието одобри уште 25 милиони евра

Собранието ги усвои законите за задолжување кај Светска банка во износ од 25 милиони евра. Со новото решение се менува претходната заемска рамка од 20 милиони евра, а средствата се поврзуваат со спроведување конкретни реформи.

Заемот е предвидено да се отплаќа во период од 12 години, со три години грејс-период. Опозицијата реагираше дека проектот станал поскап и побара подетална пресметка за користењето на дополнителните пет милиони евра.

Власта, пак, тврди дека изменетиот модел ќе обезбеди поефикасно спроведување на реформските активности и дека средствата ќе се повлекуваат по исполнување на утврдените услови.

Можеби ќе ве интересира

ОБЈАВЕНА НОВАТА КУРСНА ЛИСТА ЗА ПЕТОК – Познато е вредат еврото, доларот, фунтата и франкот

ДЕСК

Дурмиши во посета на „Киел Македонија“: Нови инвестиции, проширување на производството и можности за нови вработувања

ДЕСК

Божиновска меѓу светските лидери на COP31: Фокус на енергетската транзиција и иднината на македонскиот енергетски сектор

ДЕСК