11.8 C
Скопје
23. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

СДСМ вечерва лиферуваше соопштение во кое се открива: Пред вториот круг се гледа дека на Мицкоски не му оди во партијата па побрза да свикува состаноци на Централниот комитет

– По првиот изборен круг и победата на Стево Пендаровски со освоени повеќе гласови од Гордана Сиљановска, се гледа дека на Мицкоски не му оди.

Два дена Мицкоски и неговата кандидатка Сиљановска бегаат од граѓаните, ги нема ниту на теренот, ниту на некој митинг, трибина. Додека кандидатот за претседател Стево Пендаровски секојдневно е со граѓаните, на средби и трибини, масовно поддржани од граѓаните, велат од СДСМ.

0 Дека Мицкоски има проблем да се оправда кај своите, говори и денешната седница на Централниот комитет.

Резултатот од првиот круг покажа дека повеќето граѓани се за напредок, за членство во ЕУ и НАТО, сигурна иднина, инвестиции, раст и развој, за концептот на Стево Пендаровски.

Исто така, водството на Пендаровски и загубените 130 илјади гласови на ВМРО-ДПМНЕ од последните претседателски избори покажува дека граѓаните не сакаат враќање назад, враќање на режим, уназадување, мрак, не го прифаќаат концептот на Сиљановска.

Бадијала сонува Мицкоски, амнестија за криминалот на Груевски и враќање на режимот, тој сон нема да стане јаве.

Предноста на Пендаровски и волјата на мнозинството граѓани за напредок се потврда за победа на концепот за напредок во вториот круг со многу поголема разлика, велат од СДСМ.

Спонзорирано: