9.8 C
Скопје
6. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Мерки на претпазливост за кумановец поради ширење говор на омраза на „Фејсбук“

Основното јавно обвинителство Куманово поведе постапка против едно лице, жител на с. Пелинце, општина Старо Нагоричане, поради постоење ширење расистички и ксенофобичен материјал на социјалните мрежи.

„Осомничениот делото го сторил на 21.4.2019 преку ‘Фејсбук’ кога објавил текст во кој дал поддршка на кривичното дело сторено од негов близок роднина, во кое животот го загуби полициски службеник, а беа повредени уште четири лица. Во објавениот текст осомничениот повикал на насилство кон оштетените од сообраќајната несреќа“, соопшти ОЈО Куманово.

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Куманово, поведувајќи ја постапката против осомничениот, до судија на претходна постапка на Основниот суд Куманово доставил и предлог за определување мерки на претпазливост за осомничениот.

Предлогот е прифатен, па со решение на осомниченото лице му се определени мерките на претпазливост според кои привремено му е одземена патната исправа и му е зададена обврска да се јавува еднаш неделно на службено лице во судот.

Спонзорирано: