14.8 C
Скопје
24. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КУЛТУРА

Филмот „Балкајмак“ ја отвора неделата на турски филмови во Скопје

Со проекцијата на филмот „Балкајмак“, кој е снимен во Македонија, вечерва во новиот комплекс на Меѓународниот балкански универзитет во Скопје, во 19 часот ќе биде отворена неделата на турски филм. По проекцијата, публиката ќе може да дебатира со дел од екипата на филмот. „Балкајмак“ ќе биде прикажан и следниот ден во киното „Милениум“ во 18 часот.

Во рамките на Неделата на турски филмови ќе бидат прикажани шест играни и два документарни филма. На проекциите ќе присуствуваат режисерите и актерите на самите филмови, а ќе биде организирана и кинематографска работилница на Турција – Северна Македонија, на која ќе се сретнат најзначајните имиња од областа на филмот на двете земји како можност за продлабочување на меѓусебната соработката оваа дејност.

Кинематографската работилница на Турција – Северна Македонија ќе се одржи утре и ќе учествуваат претставници од министерствата за култура на двете земји и познати имиња на филмската дејност од Турција и Северна Македонија.

Неделата на турски филм се организира со поддршка на Генералниот директоријат за кинематографија при Министерство за култура и туризам на Република Турција.

Филмската програмата ќе се одржува во киното „Милениум“ и комплексот на Меѓународниот балкански универзитет – Скопје, а во неколку термини ќе бидат прикажани играните филмови од најновата турска продукција „Каос“ (режисер-продуцент: Семир Асланјурек), „Ајдеде – патување кон месечината“ (режисер: Абдурахман Онер; продуцент: Арзу Шенсес Онер) „Хуркуш – херојот на небото“ (режисер: Кудрет Сабанџи), „Халеф“ (режисер: Мурат Дузгуноглу) и „Сите блаженства се возможни“ (продуцент: Зулфиќар Курум). По секоја проекција, публиката ќе има можност да дебатираат со самите режисери во врска со филмовите.

Двата документгарни филма се „Ѓобеклитепе “ на Огуз Макал и „Тамбурица“ на Сали Салији, исто така со можност за дебата по филмовите со гледачите и авторите.

Неделата на турски филмови свечено ќе биде затворена на 26 април со концертот на „Балканскиот симфониски оркестар на Универзитетот ‘Тракија’ од Турција“, кој ќе се одржи во комплексот на Меѓународниот балкански универзитет во Скопје.

Спонзорирано: