Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Груевски од Будимпешта се “вмеша” во македонските избори: Ах таа македонска деструкција

– Кога ВМРО ја водеше владата во време на економски и политички кризи, се трудевме и носевме нови фабрики од странство за невработените и нископлатените да добијат работа и можности, напиша бегалецот Никола Груевски во екот на изборниот ден.

– Денес, кога економски кризи во Европа и светот нема, би требало да доаѓаат три пати повеќе нови инвестиции. Но денес нема речиси воопшто напор за убедување на нови фабрики и компании кои ќе отворат нови работни места, освен малку глума. А нема ни кој. Незнаат ни како. Ниту пак имаат воља и интерес да научат или да најдат некој кој знае.

Затоа сега, се повеќе, многу повеќе од порано, невработени и невреднувани спасот го бараат надвор. Таму кај што се фабриките, компаниите, можностите… кои никој не се труди да ги привлече и донесе, а Македонија секој ден е со помалку народ.

Всушност, не се само фабриките, невработените и нископлатените оние кои не ги интересираат, додаде Груевски.

Никола Груевски, поранашен премиер и лидер на ВМРО ДПМНЕ побегна од Македонија, во момент кога требаше да почне да ја издржува двегодишната казна затвор, за набавката на мерцедесот.

Груевски е обвинет во серија случаи на СЈО и ОЈО, меѓу кои и оној за Крвавиот четврток.

Можеби ќе ве интересира

ВЛАЖЕН БРАН ЌЕ ЈА ПОГОДИ МАКЕДОНИЈА, ЌЕ ДУВА И СИЛЕН ВЕТЕР: Метеоролозите со нови најави за времето во следните 4 дена

ДЕСК

Грабеж во центарот на Скопје: Малолетно девојче ограбено на автобуска постојка во најголемите гужви, арамија и’ го зело телефонот

ДЕСК

Серија физички пресметки низ угостителски и други места низ Скопје – во еден случај маж бил удиран со кундак од пиштол

ДЕСК