Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Заев гласаше: Моќна порака до нацијата

– Како одговорен граѓанин на нашата земја, излегов и гласав. Секој ваков ден на гласање е убав, и важен, кога граѓаните на најдиректен начин, на демократски начин, носат важни одлуки за својата земја. Гласањето е чест, право, и граѓанска должност, рече премиерот Зоран Заев.

– Денеска очекувам сите наши граѓани да изберат Претседател на Република Северна Македонија.

Од сите нас се очекува сериозна одговорност доколку постигнеме две работи. Избереме успешо претседател на државата и секако избереме претседател којшто ќе не води напред.

Сериозна зрелост ќе покажеме сите ако демонстрираме демократичност во нашиот избор, ако изборите бидат успешни, ако го држиме единството во нашата земја, и силно чекориме напред кон современиот свет, кадешто припаѓа нашата земја, Република Северна Македонија, рече премиерот.

Можеби ќе ве интересира

Филипче со детали од новиот Закон: Сите тендери и јавни набавки ќе се водат преку блокчејн платформа

C +

Мицкоски: Пуштен е во употреба новиот градски пазар во Општина Виница

C +

Жерновски: Власта продава лажен патриотизам, со една рака мавта со знамето дека се Македонци, со другата краде колку што може да се украде

C +