Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

(Видео) МВР: Регистрирани два случаи на фотографирање гласачко ливче

Министерството за внатрешни работи информира дека од изутринава се регистрирани два случаи на фотографирање гласачко ливче, а нема регистрирано нарушување на јавниот ред и мир во текот на гласањето.

,,До 12 часот Министерството за внатрешни работи нема регистрирано нарушувања на јавниот ред и мир во текот на гласањето. Гласањето се одвива мирно”, сооопшти на денешната прес конференција Билјана Милевска од Одделот за односи со јавност на Министерството за внатрешни работи.

До овој момент регистрирани се два случаи со фотографирање на гласачко ливче.Во 09.05 часот, на гласачко место во градинката „Лале- Срничка“ во општина Аеродром- Скопје, претседателот на избирачкиот одбор го забележал Р.Ѓ.(36) од Скопје како со мобилен телефон го фотографирал гласачкото ливче. Р.Ѓ. е приведен и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

,,Исто така, во 11,40 часот, на гласачко место број 1515 во село Обршани, општина Кривогаштани, К. П. од село Обршани, со мобилен телефон го фотографирал гласачкото ливче и од страна на полициски службеници се преземаат мерки за расчистување и на овој случај”,рече Милевска.

Утрово во 6,11 часот во СВР Скопје било пријавено и дека на гласачкото место во основното училиште „Дрита“ во село Рашче била оштетена влезната врата, но избирачката комисија констатирала дека нема проблеми со избирачкиот материјал и гласањето започнало во предвиденото време без проблеми.

,,Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните на мирен и достоинствен начин да го искористат своето гласачко право. Секој обид за нарушување на изборниот процес ќе биде бескомпромисно санкциониран”, рече Милевска.

Можеби ќе ве интересира

ВЕЧЕРВА ПАДНА ГОЛЕМО АПСЕЊЕ: Познат директор фатен со 50.000 евра мито

ДЕСК

Стрелките на часовникот одат еден час нанапред – Подгответе се за летно сметање на времето

ДЕСК

Синоптичарите објавија 4 дневна прогноза – Каков продолжен викенд да очекуваме?

ДЕСК