Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Мирни избори: Најмала излезност во Пласница од 12 отсто, а најголема во Крива Паланка 55 проценти

Државната изборна комисија ги објави првичните бројки за текот на гласањето до 17 часот, односно досега својот глас го искориситле 613.415 гласачи од вкупно впишани 1.808.131 гласач.

Според информациите на Претседателските избори гласале вкупно 34,38 отсто од вкупниот број запишани избирачи.

До 17 часот најголема излезност е забележана во Крива Паланка, каде излегле 55 проценти од гласачите.

Голема излезност е забележана и во Прилеп од 50 отсто, Новаци 54%, Демир Капија 52, Демир Хисар 51 процент.

Најслаба излезност има во Пласница 12 отсто, Желино 13 отсто и Липково 13,55 проценти.

Средна излезност има во Ресен 32 отсто.

Во Општините каде што се избира и градоначалник излезност а е 44,73 отсто во Охрид, Дебар 36 проценти, а во Ново Село гласале 41,93 проценти од избирачите.

Изборите поминуваат во многу мирна атмосфера без некои поголеми пропусти.

Можеби ќе ве интересира

УТРЕ Е НАЈТАЖНИОТ ДЕН ВО ХРИСТИЈАНСТВОТО! Го славиме Велики петок – денот на страдањето на Исус Христос!

ДЕСК

ТЕМПЕРАТУРИТЕ ПАЃААТ ПО НУЛАТА, НАУТРО ЌЕ ИМА МРАЗ: Метеоролозите со четиридневна прогноза – лоши вести за времето

ДЕСК

Масовна тепачка на крстосница близу Кичево: Се удирале со дрвени предмети и ножеви, има повредени

ДЕСК