Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Кирацовски порача: Пендаровски води – Сигурно победува во вториот круг

– На пребројани повеќе од половина од гласачките места, Стево Пендаровски е во водство пред противкандидатите, порача Кирацовски.

-Очекувана е победата на Пендаровски во првиот круг.

Предноста на Стево, кандидатот поддржан од сите етнички заедници, ќе значи сигурна победа во вториот изборен круг, во фер и демократска атмосфера.

Во вториот круг, очекуваме граѓаните уште посилно да го поддржат напредокот и концептот што води напред.

Нема да набројувам во кои населени места води Стево Пендаровски. Ова се избори за претседател на државата, на сите граѓани.

Ова не се локални избори. ВМРО-ДПМНЕ бадијала се храбрат.

Јасно е дека губат во првиот и дека ќе загубат и во вториот изборен круг.

Нашата Македонија ќе добие вистински претседател на сите граѓани, Стево Пендаровски ќе биде идниот претседател на државата, рече Кирацовски.

Можеби ќе ве интересира

Згасна животот на маж во Поликлиниката Бит Пазар, телото испратено на обдукција

ДЕСК

НОЌНА ДРАМА НА БИТ ПАЗАР – Пламен зафатил „ауди“, сопственикот и соседите го изгаснале пожарот

ДЕСК

ТЕПАЧКА ВО ГАЗИ БАБА – Физичка пресметка меѓу 59-годишен и 26-годишен скопјанец, следува поднесок

ДЕСК