15. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Искршен штаб на политичка партија, а и неколку ситни инциденти

На 20.04.2019 година во 03 часот во СВР Скопје, било пријавено дека во бараките во кругот на општина Кисела Вода било скршено стакло од влезна врата на еден од објектите, кој го користи политичка партија. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 19.04.2019 година во 21 часот во СВР Скопје било пријавено дека на објектот на месната зедница „11-ти Октомври“ на ул.„Андреја Димишков“ бил испишан графит во врска со претстојните избори. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 20.04.2019 година околу 08.10 часот во Полициската станица Ресен било пријавено дека на ѕидот од основното училиште „Гоце Делчев“ во село Избиште бил испишан графит во врска со претстојните избори. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 20.04.2019 година околу 09.00 часот во Полициската станица Струга било пријавено дека на бандера во близина на основното училиште „Јонче Крежоски“ во село Мислешево бил испишан графит во врска со претстојните избори. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 20.04.2019 година околу 09.00 часот во Полициската станица Струга било пријавено дека на оградата од основното училиште „Дедо Лазар Циркоски“ во село Враниште била закачена слика на еден од кандидатите на претстојните избори. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Можеби ќе ве интересира

Митовски: Четири години ниту капка труд за Булачани – јас ќе ја донесам водата, инфраструктурата и достоинството назад!

ДЕСК

ВЛАДА: Од Филипче не очекуваме да знае и да биде економист, но одговорноста налага барем да се консултира со некого што разбира бројки

ДЕСК

Колку вреди македонскиот пасош: Македонците без виза може да посетат 129 дестинации

C +
error: Соддржината е заштитена.