Centar.mk
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Денеска гласаат затворениците, раселените и немоќните лица

Денеска затворениците, раселените и немоќните лица гласаат на изборите за претседател и на предвремените локални избори што ќе се одржат во општините Охрид, Дебар и Ново Село. Своето право на глас можат да го остварат 1.640 лица во казнено-поправните домови и лица кои се во притвор, седум внатрешно раселени лица, како и 3.583 немоќни и болни.

Гласањето и денеска и утре на денот на изборите почнува во седум и ќе трае до 19 часот.

На претседателските избори ќе се гласа на 3.480 избирачки места во 80 општини и Град Скопје и на 32 избирачки места во странство. Право на глас имаат 1.808.131 граѓанин.

Вториот круг од изборите е закажан за две недели, на 5 мај.

Од почноќ почна изборниот молк.

Можеби ќе ве интересира

Бугарски државјанки осомничени за кражба на банкарски картички и паричници во Скопје

ДЕСК

Викендот носи снежен удар и силен ветер температурите паѓаат под нулата – детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК

Млада скопјанка се наполнила со пари на туѓа мака – еве како измамила повеќе луѓе

ДЕСК