9.8 C
Скопје
24. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Во Скопје 12 сообраќајки и 10 повредени

Во текот на изминатиот ден на подрачјето на Скопје полицијата констатирала дека 28 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената. Од сообраќај се исклучени 21 возач од кои: 20 возачи затоа што управувале возила без да се стекнат со право за управување моторно возило и еден возач затоа што бил возач почетник.

Исклучени од сообраќај се и 25 возила бидејќи 22 биле нерегистрирани и три возила биле технички неисправни. Санкционирани се осум возачи поради поминување крстосница на црвено светло, еден возач поради недавање првенство на минување на пешаци, 10 возачи поради неправилно престројување, двајца возачи поради неправилно престигнување, еден возач на моторцикл поради неносење заштитен шлем, седум возачи поради неносење сигурносен појас за време на управување моторно возило и 31 возач поради користење мобилен телефон при управување возило.

Во однос на пешаците санкционирани се двајца пешаци поради поминување коловоз надвор од пешачки премин. Во текот на изминатиот ден издадени се 97 мандатни платни налози и 81 возило се подигнати со специјално возило „пајак”. Изминатиот ден се случиле 12 сообраќајни незгоди во кои 10 лица се здобиле со телесни повреди.

Спонзорирано: