Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Тажна вест: Почина Милчо Трајков

По кратко боледување денес на 18.04.2019 година на 65 годишна возраст почина поранешниот претседател на Црвениот крст на Република Македонија Д-р. Милчо Трајков.

Милчо Трајков беше претседател на Црвениот крст на Република Македонија од2008 до 2017 година. Како долгогодишен волонтер од 80-тите години активно беше вклучен во акциите и активностите кој ги организираше Црвениот крст, пред се во делот на здравствено – превентивни активности.

Смртта го затегна на функцијата претседател на Црвен крст на Република Македонија – Општинска организација Велес. Волонтерите и вработените на ЦКРМ ќе се сеќаваат на неговиот лик и дело.

Во негово сеќавање утре во 11:30 часот во големата сала на Општина Велес ќе се одржи Комеморативна седница, а посмртните останки ќе бидат изложени во Црквата Свети Пантелејмон гробиштата во Велес во 13:00.

Можеби ќе ве интересира

СУДЕЊЕТО НА РИСТОВ ПРОДОЛЖИ СО ДОКАЗИ – Наодите на одбраната ќе се разгледуваат дополнително

ДЕСК

ПОТВРДЕН ПЕТТИ СЛУЧАЈ НА МОРБИЛИ – Институтот проверува дали заразените се поврзани

ДЕСК

ПОРАКА ОД БРИСЕЛ – Сиљановска-Давкова побара исти правила за земјите кандидатки

ДЕСК