4.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Сиљановска да одговори за осудените насилници што ја поддржуваат, порача Костадинов

Одговори на новинарски прашања на Костадин Костадинов, портпарол и пратеник на СДСМ:

П1: Рековте дека не е убаво криминалци да застануваат зад претседателски кандидат. Дали ова значи дека гласовите што ќе ги добие Стево Пендаровски од 13 затвори каде што ќе се гласа, ќе ги одбиете?

Не, но во исто време, нормално гласот е глас, не може да се одбива или да се прифаќа, станува збор за понудени концепти. Имаме концепт од страна на Стево Пендаровски кој што нуди прогрес и иднина за граѓаните и секако за Северна Македонија. Зад тој концепт застануваат граѓани. И затворениците се граѓани на Република Северна Македонија.

Во исто време, кога имавме на 27-ми април, такви крвави настани и обиди за убиство, на пред се би кажал луѓе, па после тоа пратеници, политичари и што и да се, тука сте и вие новинарите, вие не бевте помалку засегнати од било кој беше внатре во законодавниот дом.

Не може, неодговорно е, од кандидат за претседател на држава, да не осуди еден таков насилен чин. Кога зборувам дека зад неа застануваат криминалци, можевме да видиме изминативе денови дека дотичниот Игор Југ, застана со поддршка зад Гордана Силјановска.

Затоа конкретни одговори треба да ни даде Сиљановска: зошто беше молкот за осудување на настаните поврзани со 27-ми април. За тој молк може да одговори само Гордана Сиљановска, која што јасно гледам дека е поддржана од криминалците и насилниците од 27-ми април.

П2: Од штабот на Сиљановска, веќе три дена обвинуваат за нова, таканаречена афера “големото око”, апликација на мобилни телефони, која што ја имаше поставено СДСМ, па ја повлече, дека користите злоупотреба на лични податоци. Имате ли коментар?
Јас сосема ја разбирам паниката во штабот на Гордана Сиљановска и на Христијан Мицкоски. Би кажал дека добро позната пракса за ВМРО-ДПМНЕ е кога ќе се најде во тесно да се служи со лажни вести. Искрено, мене и на пошироката и на поголем број на граѓани во Северна Македонија, тоа ни изгледа смешно. Не станува збор за никакво собирање информации, фотографии од телефоните на граѓаните, напротив. Социјалдемократскиот сојуз на Македонија се модернизира, имаме современи начини на комуникација и овој систем се однесува само на нашите партиски активисти.