Centar.mk
ЛОКАЛНО

Се’ уште трае субвенционирањето за набавка на интвертер клими од Град Скопје

Градот Скопје ги потсетува граѓаните дека е во тек субвенционирањето за набавка на инвертер клими и дека може да надоместат дел од трошоците направени при набавка на инвертерите. На јавниот повик за субвенционирање на граѓаните за набавка на посовремени уреди за затоплување – инвертер клима уреди за 2019 година, што Градот Скопје го објави во март годинава, досега се пријавиле 840 граѓани.

Со овој повик се опфаќаат сите инвертер клима уреди кои се купени од 1 јануари 2019 година. Висината на субвенцијата е во износ од 50% од вредноста на уредот, но не повеќе од 15.000 денари со вклучен персонален данок на доход. Повикот ќе се реализира согласно со принципот „прв дојден, прв услужен“ и ќе трае до 30 ноември 2019 година или до исцрпување на предвидените финансиски средства од Буџетот на Град Скопје за оваа намена.

Можеби ќе ве интересира

Герасимовски: Центар вечерва пее со најмладите на „Детелинки“ , фестивал на оригинални песни и детски таленти

ДЕСК

Акција за отплата на долгови без пресметка на камата до 05.06.2026 година

ДЕСК

Герасимовски: На 9 Мај „Нож и виљушка на европска чинија“, гастрономија, музика и дружење во Центар

C +