Centar.mk
КУЛТУРА

Награда за филмот ,,Господ постои, името и’ е Петрунија” на фестивал во Дортмунд

Филмот „Господ постои, името и’ е Петрунија” на Теона Стругар-Митевска се закити со уште една престижна награда на штотуку завршениот фестивал Dortmund | Cologne International Women’s Film Festival.

Петрунија ја освои главната награда на фестивалот која има парична вредност од 15.000 евра. Овој фестивал е посветен на женски автори и во главната конуренција се одбираат само 8 филма од целиот свет, кои се натпреваруваат за главната награда. Овој пат тричленото жири се одлучи за Петрунија. Жирито доделувајќи ја наградата рече: Oдлучивме да ја доделиме главната награда на овој филм поради својата извонредност во пренесување приказна за храброста на невработена жена да се спротивстави на воспоставени и затемелени структури на патријархатот. Надминувајќи ја сопствената отуѓеност, таа ја осознава својата моќ да ја озобнови солидарноста во борбата против неправдата.

„Господ постои, името и’ е Петрунија” на 10 април го отвори фестивалот во Визбаден, а следната проекција на 12 април беше целосно распродадена и се бараше билет повеќе.
Во април филмот патува на шест фестивали, меѓу кои и Московскиот филмски фестивал, каде еден од најголемите руски дистрибутери Ruscico, кој го откупи филмот за дистрибуција во Русија и Украина оттаму и ја почнува руската дистрибуција на Петрунија.

Можеби ќе ве интересира

65 години од раѓањето на Блаже Миневски – „Матица“ го објави „Црна лисица“, нов том од избраните дела

ДЕСК

Американската писателка Сара Пеканен доаѓа во Скопје на 25 април

ДЕСК

Објавена „Македонската борба за државност меѓу Сцила и Харибда“ од Владо Поповски – значајни дела за македонската историографија по повод 35 години „Матица“

ДЕСК